Почетна / Занимливости / Престанете често да перете
http://www.dreamstime.com/royalty-free-stock-photo-laundry-image8649325

Престанете често да перете

Непишано правило е: ако апсолутно не ти се наметнува да исчистиш нешто, не го чисти“.

Модниот дизајнер Стела Мекартни го изјави ова во интервју за „Observer“, додавајќи дека таа го
научила овој совет, додека работела за кројачки работилници, кои правеле костими по нарачка на
познатата лондонска улица Savile Row, позната по најдобрите бутици за машка облека.

Наместо тоа, вели таа, „правилото“ е „да оставиш мрснотијата да се исуши, а потоа да ја исчеткаш“.

Ова може и да е случаен коментар на крајот на интервјуто, но тој предизвика интерес кај
читателите, многу од кои пуштаат по неколку машини неделно.

Дали е тоа така? Дали е подобро да избегнувате да ја перете облеката?

Убивање на планетата со микрофибер (минијатурни парчиња пластика)

Ова не е првпат Макартни да препорача облеките да не се перат. Таа одамна повикува пералните
да се избегнуваат – од една страна, поради продолжувањето на животот на облеката, а од друга –
поради ефектот кој перењето го има врз животната средина.

Лаура Дијаз Санчез од организацијата Plastic Soup Foundation се согласува со ова тврдење, особено
кога станува збор за облека од таканаречената брза мода, кои содржат повеќе синтетички
материјали, како полиестер и акрил.

„Секој пат кога ја переме облеката, просечно девет милиони микрофибер влакна се ослободуваат
во животната средина“, изјави таа за Би-Би-Си.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Карлеуша подобра “мачка“ од Џеј Ло

Јелена Карлеуша објави на својот профил на Инстаграм натпис од портал с наслов „Дали сме …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *