Почетна / Црна хроника / Прибележано во полицискиот нотес.

Прибележано во полицискиот нотес.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (09/10.02.2021) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 44 прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 6 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 299 лица со вакви решенија.

 

На 09.02.2021 во периодот од 08.00 до 16.00 часот на автопатот Штип Миладиновци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Свети Николе, спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа биле констатирани три прекршоци од возачи  кои упарвувале возила со брзина поголема од дозволената. На возачите им биле изготвени прекршочни платни налози. Санкционирани се и два останати прекршоци.

 

На 09.02.2021 во 09.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 09.00 часот Т.А.(60) од Скопје,  додека изведувал градежни работи на патот во изградба кај с.Спанчево, кочанско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.

 

На 09.02.2021 во 02.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стамен Манов“ во Кочани настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ без регистарски ознаки, сопственост на Ш.Д.(47) од Кочани. Пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

 

На 09.02.2021 околу 11.15 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во двор на викендица во близина на црквата  „Св. Илија“ во Берово бил нарушен jавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу  А.К.(39) и Љ.К.(68), двајцата од Берово. Од страна на полициски службеници на двете лица им биле издадени записници за сторениот прекршок.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *