Почетна / Избор на Уредникот / Проекти кои значат подобар стандард за слепите и лицата со оштетен вид

Проекти кои значат подобар стандард за слепите и лицата со оштетен вид

Здружението на слепи лица и лица со оштетен вид, е носител на проект финансиран од европските фондови, и кој има за цел да го подобри животот на оваа категорија граѓани во Штип, Пробиштип и Радовиш.

Претседателот Драги Витанов, истакна дека проектот е во висина од 9.500 евра, и има цел дислокација на вертикалната сообраќајна сигнализација, од тротоарите и другите локации предвидени за движење на пешаци и лица со колички.

Дел од сообраќајните знаци се така поставени што пешаците неможат да се движат , ниту лица со колички, тие знаци претставуваат сериозен проблем и на лицата со оштетен вид или слепите лица.

Во Штип започна реализацијата на овој проект и во населбаа Сењак тврди Витанов, дел од сообраќајните знаци се поместени од овие површини.Во рамки на проектот ќе бидат одржани и неколку работилници, а кон крајот на овој месец Штип ќе биде домаќин на концерт на кој ќе учествуваат слепи и лица со оштетен вид од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Турција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *