Почетна / Бизнис / Промоторите на бившата влада се чиста зафрканција.

Промоторите на бившата влада се чиста зафрканција.

Економските промотери на бившата Влада се целосен промашен проект. Промотерите ја чинеа државата многу пари, а не ги вратија очекуваните инвестиции, потенцираше Претседателот Стево Пендаровски на денешната прва средба со членови компании на Стопанската комора и претставниици и членовите на Управниот одбор на Комората, одговарајќи на поставено прашање од Златко Леов.

„Одлуката на тогашната влада беше екномските промотори да одат по фирми да оставаат визитки и да објаснуваат за економската состојба во земјата. Ефектите од овие економски промотери се нула. Нема никакви ефекти, не носеа инвестиции колку што ја чинеа државата. Истите беа и наградувани со бонуси за посетените фирми“, истакна Пендаровски.

Шефот на државата рече дека за економските атешеа ќе разговара со премиерот Заев, но како и за секоја друга тема така и за овој проблем како Шеф на државата ќе има свој став и ќе го сподели со Владата и премиерот. Според Пендаровски вакви промотори треба да бидат образовни соодветно, да бидат усмерени кадри кои ќе можат правилно да ја вршат промоцијата на земјава во Европа и светот.

На средбата членките на Стопанската комора на Македонија побараа од Претседателот при неговите посети на држави да има барем еден бизнисмен кој ќе може вистински да ја претстави бизнис заедницата од земјава пред странските инвеститори, како најдобри познавачи на економската состојба во земјава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Понизок ДДВ за струјата, данок за горивата.

На утрешната седница Владата ќе ги разгледува двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *