Почетна / Балкан / Протести со ќотеци во Грција

Протести со ќотеци во Грција

Грчката полиција употреби солзавец откако демонстрантите ги гаѓаа со камења за време на протестите во Солун во врска со воведувањето нови ограничувачки мерки против ширењето на вирусот корона. Демонстрантите повикаа на ставање крај на спроведувањето на локалните вонредни мерки во Солун, како и оние на државно ниво, кои ќе стапат на сила во Грција денес.

Повеќето од приближно 150 демонстранти не носеле заштитни маски или не ги носеле неправилно. Демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења и шишиња, при што повредија двајца. Полицијата одговори со солзавец и ги растера демонстрантите, пишува порталот „Грикрепортер“.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претходно најави дека од утре започнува спроведувањето на новите итни мерки во целата земја.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спречен стрелачки поход кон средношколец

Полнолетен маж од околината на Крањ е осомничен и приведен под сомнение дека подготвувал напад …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *