Почетна / Црна хроника / Работниците ги превезуваат во автобуси без кочници

Работниците ги превезуваат во автобуси без кочници

СВР Штип направи контрола на техничка исправност на возила, со кои се врши јавен превоз. При истата, кај девет од нив биле констатирано дека се без исправни сопирачки.

„СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на техничка исправност на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Од извршената акциска контрола контролирани се 57 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од кои 54 се упатени во станица за технички преглед. Притоа, кај девет возила е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, додека две возила не извршиле вонреден технички преглед. Преземени се вкупно 22 мерки по горенаведените прекршоци и издадени се 12 прекршочни платни налози. Санкционирани се и 19 останати прекршоци“, велат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *