Почетна / Избор на Уредникот / Разбеснет бик го уби газдата

Разбеснет бик го уби газдата

На 11.08.2021 во 10.10 часот во СВР Штип, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 09.00 часот во место викано „Плуждино“, атар на Штип, Ѓ.С.(73) од Штип починал откако бил нападнат од неговиот бик,“ се вели во информацијата од Полицијата.

Увид на местото извршила екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството.

Според очевидците, несреќникот настојувал да ги врати животните назад во шталата.Бикот не сакал да оди назад.Држ, недај, газдата со стапот го удрил бикот по главата.Бикот, толку многу се разжестил, и до удар од главата го турнал на земја сопственикот, и еден роговите го зарил во главата на покојниот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *