Почетна / Спорт / Роналдо во Мадрид, против стариот ривал

Роналдо во Мадрид, против стариот ривал

Кристијано Роналдо се враќа во Мадрид, но како гостин на Атлетико во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Португалецот во својата кариера како член на Реал постигна 22 гола против градскиот ривал, па јасно е зошто Диего Симеоне најмногу стравува токму од Кристијано во пресрет на вечерашната пресметка. Јуве ќе тргне офанзивно, Алегри на вчерашната прес-конференција објави дека и Дибала ќе биде стартер заедно со Манџукиќ, а на спротивната страна покрај Гризман опасноста по голот на Шчешни ќе доаѓаод екс-фудбалерот на Јувентус, Алваро Мората.

Манчестер Сити е голем фаворит на гостувањето против Шалке, дуел на кој Гвардиола ќе го врати најдобриот тим на теренот откако настапи со комбиниран состав во ФА Купот против Њупорт. Агуеро ќе биде предводник на нападот на „граѓаните“ во Гелзенкирхен, помогнат од Сане и од Стерлинг, во обид сите дилеми околу пласманот во четврт-финалето да се решат уште по првите 90 минути игра од овој двомеч.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за Никола Нацев

Кик боксерот на штипскиот клуб “Гладијатор“, Никола Нацев, и од штотуку завршеното балканско првенство се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *