Почетна / Свет / САД лажат, во Венецуела нема кубански војници

САД лажат, во Венецуела нема кубански војници

Официјална Хавана денес потврди дека нема кубански војници во Венецуела и тврдеше дека спротивните тврдења на САД се „лаги“.

Не можете да повлечете непостоечки војници од Венецуела“, рече Јохана Таблада, државна секретарка во Министерството за надворешни работи на Куба, додавајќи: „САД совршено добро знаат дека е лажно тврдењето дека Куба има 20.000 војници во Венецуела, дека тие интервенираат во внатрешните работи.“

Во вторникот Доналд Трамп ја обвини Куба дека изведува воени операции во Венецуела за да му помогне на претседателот Николас Мадуро и се закани со серија построги санкции ако Куба не ги повлече овие војници.

Кубанската функционерка го нарече Џон Болтон, советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, „патолошки лажго“.

Таблада потсети дека американскиот политичар во 2001 и 2002 година тврдеше дека Ирак поседува хемиско оружје, поради што САД воено интервенираа во Ирак, иако таквото оружје никогаш не беше пронајдено.

Мадуро тврди дека САД го поддржуваат опозицискиот „обид за државен удар“ во Венецуела, а дека го оркестрира Болтон во соработка со Колумбија и други латиноамерикански сојузници.

Венецуелската опозиција ги отфрли обвинувањата за обид за преврат.

Трамп во вторникот ѝ се закани на Куба со „целосно и комплетно ембарго, заедно со санкции од највисоко ниво“, ако Хавана не ја повлече својата поддршка за владата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

„Ако кубанските војници и милиција веднаш не ги прекинат воените и други операции чија цел е да се предизвика смрт и уништување на Уставот на Венецуела, ќе биде воведено целосно и комплетно ембарго и санкции на највисоко ниво“, порача Трамп преку Твитер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Fazer” подготвува антиковид апче.

Пилулата може да спречи тешка форма на ковид-19 или може да биде втора линија на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *