Почетна / Бизнис / Секој Македонец, јал не јал, должи 1.249 евра.

Секој Македонец, јал не јал, должи 1.249 евра.

Просечниот Македонец должи 1.249 евра и за една година се задолжил за дополнителни 118 евра.Банките на граѓаните во просек им одобруваат по речиси 674 илјади евра нови кредити секој ден. Вкупните долгови на домаќинствата за една година пораснале за 246 милиони евра и достигнале 2 милијарди и 592 милиони евра.Според последните податоци на Народната Банка, заклучно со април, домаќинствата на банките и штедилниците им должат 1 милијарда и 453 милиони евра како денарски кредити и 1 милијарда и 139 милиони како кредити со девизна клаузула. Од овие пари 61.4 милиони евра се водат како сомнителни и спорни побарувања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Печалбарите не праќаа пари.

Ако печалбарите секоја година праќале по над една милијарда евра пари со кои ќе им …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *