Почетна / Спорт / Сепак ќе се одигра Росоман-Слога Виница

Сепак ќе се одигра Росоман-Слога Виница

Росоман и Слога Виница ќе играат бараж натпревар за пополнување на Втората македонска фудбалска лига – Исток на 10. јули (петок) со почеток од 17 часот на Градскиот стадион во Штип.

По реализираните тестови на коронавирусот утврдено е дека во двата тима има само еден позитивен на Ковид-19, 32-годишен фудбалер од Кавадарци кој игра за Росоман и кој веднаш е испратен во карантин. Сето тоа не би требало да претставува пречка за одржување на бараж дуелот. Натпреварувачката комисија при ФФМ и дефинитивно го потврди одигрувањето на натпреварот.Претходно, како што е познато, откажани се бараж дуелите за пополнување на Втората лига – Запад, па патникот за второлигашкото друштво ќе биде одреден со ждрепка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *