Почетна / Избор на Уредникот / Сељачизмот потешка болест и од Ковид.

Сељачизмот потешка болест и од Ковид.

Ма какви Битлси, бенд кој направи револуција во светската поп рок музика, ма какви бре “Квин“, бенд кој исто така како и многу други изведувачи направија текстонски поместувања во популарната музика, за нас граѓани на Штип е дајте нешто народно ама задложително да е турбо фолк и да се изведувачи, особено изведувачки од Србија.До што дереџе дојдовме.Во Дом на млади сеуште стои таблата на која пишува дека во Штип била изведена првата опера во Македонија.И толку пишува, никого не го возбудува ниту потресува оваа информација.Важно е да се резеврвира маса со шише ракија во кафани, дискотеки божемни и да се биде дел од големиот настан наречен пијанчење, а зошто не и дрогирање.Отсекогаш младите сакале да се забавуваат, не е ново, но тогаш правеле мудар избор и на музиката и на изведувачите.Зошто ги спомнавме “Битлси“ и “Квин“, затоа што пред десетина дена во Штип гостуваше македонскиот дувачки квинтет изведувајќи хитови од овие две светски познати групи.Публика едвај триесетина.Некогаш за вакви концерти се бараше влезница повеќе, како што  сега овие неедуцирани, и невоспитани млади бараат резервација повеќе за да можат раскалашено да се опиваат , ракалашено да се дрогираат, и раскалашено божем уживаат во убавината на глупоста.Честита нека ние касабата, паланката, примитивизмот и сељачизмот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипско културно лето ,36-ти пат.

Општина Штип ќе го организира 36-тото издание на манифестацијата од уметноста, културата, забавата “Штипско културно …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *