Почетна / Избор на Уредникот / Скопје –Миладиновци- Штип за 30 минути

Скопје –Миладиновци- Штип за 30 минути

Новиот автопат Штип-Миладиновци веќе е пуштен во пробна употреба. Делницата на патот од Три Чешми до Овче поле функционира неколку месеци, а деновиве почна да се одвива сообраќајот и до Миладиновци.Од Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта велат дека новиот автопат е пуштен во пробна употреба, откако се извршени првичните технички приеми, а официјалното пуштање во употреба ќе се случи во мај. До наредната година ќе бидат изградени и патарините кои што со основниот проект не биле предвидени, па бидејќи треба време за измени и тендери, дотогаш граѓаните ќе возат бесплатно. Едната патарина треба да се гради меѓу Кадрифаково и Три Чешми.За изградбата на автопатот, се потрошени нешто повеќе од 206 милиони евра.

Надлежните апелираат до возачите, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, односно да не се однесуваат како на автотрка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џамбаски сака anshluss врз Македонија

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *