Почетна / Бизнис / Словенија ги собира најдобрите од екс ЈУ.

Словенија ги собира најдобрите од екс ЈУ.

Словенија се соочува со недостиг од работници, но дури и кадрите од поранешна Југославија не се доволни за да ги задоволат потребите.

Дефицитот е најизразен кај угостителството (69%), градежништвото (62%), социјалната и здравствената заштита (62%) и преработувачката индустрија (56%), покажуваат податоците од Бирото за вработување.

Како што пренесува агенцијата СТА, скоро 50 отсто од работодавците имале недостиг на персонал во текот на изминатите шест месеци, а големите компании во тоа учествуваат со 70 отсто, објави СТА.

Сега ситуацијата е полоша отколку пред кризата во 2008 година.

Според Бирото за вработување, бројот на работни дозволи е зголемен од 14.811 лиценци во 2015 година на 18.049 минатата година. Овие бројки не вклучуваат индивидуални дозволи за престој, од кои 1.180 биле издадени во 2015 година, а значително повеќе во 2018 година – 20.889.

Во првите четири месеци годинава, 9.693 странци добиле дозволи за престој во Словенија. Сепак, добивањето на овие дозволи не значи автоматски и добивање работна дозвола во соодветната административна единица. Словенија лани издаде 16.596 работни дозволи за граѓаните на Босна и Херцеговина, 1.281 државјани на Хрватска и 140 државјани на Србија, објави СТА.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спреј против Ковид 19

Австриски научници од лабораторијата на Медицинскиот факултет во Инсбрук тврдат дека успешно го тестирале најновиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *