Почетна / Избор на Уредникот / (С)МРТ троши пари за Евровизија, труејќи не‘ со безвезна програма

(С)МРТ троши пари за Евровизија, труејќи не‘ со безвезна програма

МРТ ќе потрошела 150.000 евра за настап на Евровизија во Израел.Огромен дел од јавноста има мнение дека овие пари ќе беа поцелисходно потрошени во програмски проекти, отколку за оваа цел.Македонија нема апсолутно никакво влијание во музичките текови, па дури и на една “Евровизија“.Тамара е најмалиот проблем, проблем се другите кои ќе се “шлепаат“ со нејзиното учество, а тоа богами е класичен Аџилак во Израел.Потоа сите што биле во Израел, во Ерусалим ќе се фалат со титулата Аџија, а народо ќе плаче и без “Ѕид на плачот“.Така некако ќе бидат потрошени овие пари,иако уредничката Анета Андонова вели дека ,отстапки од буџетот секогаш има, најчесто повеќе од 10 отсто, во зависност од земјата-домаќин на настанот. Ние работиме транспарентно, како јавен сервис должни сме да дадеме отчет на јавноста.Па според неа ете ја(д)вниот сервис направил добро што објавил дека ќе потрошаттолку пари.Според Андонова, во минатото, шефицата на делегацијата на МРТ, Мери Попова, одбивала да ја открие сумата која секоја година МРТ ја одвојува за ,,Евровизија”, но и за ,,Детска Евровизија”.Андонова со тоа потврди дека во МРТ освен дворски игри со забивање ножеви и кој колку бил виновен нема ништо.Таму треба да се постапи  како Грција.Ја распушти нивната национална, и формира нова.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *