Почетна / Свет / Сопственик на златарница ги уби ограбувачите.

Сопственик на златарница ги уби ограбувачите.

Двајца разбојници се убиени во обид за ограбување на златарница во селото Гринзане Кавур во италијанскиот регион Пидмонт, пренесува Би-би-си повикувајќи се на италијанските медиуми.

Сопственикот отворил оган откако тројца вооружени разбојници вчера провалиле во дуќанот. Двајца умреле на улица, а третиот бил ранет во ногата и подоцна уапсен.

Началникот на селото Џанфранко Гарау кажал за италијанските медиуми дека сопственикот на златарницата бил повреден во напад во 2015 година.

Сопственикот криминалци брутално го претепале, а неговите сопруга и ќерка ги врзале при разбојништво во 2015 година, кога украле часовници и накит вреден 300.000 евра.

Гарау, кој за време на вчерашниот грабеж бил на состанок во блиско место, им кажал на италијанските медиуми дека деталите од разбојништвото се сè уште нејасни.

„Знам само дека на мета било чесно и добро семејство“, кажал Гарау.

Според италијанската агенција Анса, при грабежот биле испукани најмалку пет истрели.

Кориере дела сера пишува дека во златарницата за време на разбојништвото биле и сопругата и ќерката на сопственикот, додавајќи дека разбојниците биле вооружени со пиштоли и ножеви.

Третиот осомничен бил испрашан од полицијата, но сè уште не е  формално обвинет, јави весникот.

Лидерот на италијанската партија Лига Матео Салвини на Твитер го поддржа сопственикот на златарницата: „Одбраната е секогаш легитимна“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *