Почетна / Црна хроника / Со автомобил без таблички се бапнал во куќа, ја повредил бабата и побегнал.

Со автомобил без таблички се бапнал во куќа, ја повредил бабата и побегнал.

Непознато возило, ноќеска, удрило во ѕид од куќа на старица во Штип, а од паднатите тули била повредена бабата. Возачот избегал, соопшти полицијата.

Имено, во средата, нешто пред полноќ, на ул.„Радански пат“ во Штип, непознато возило удрило во sид од куќа, сопственост на Н.А.(88). Од ударот паднале поголем број тули внатре во куќата и ја повредиле Н.А., по што возачот го напуштил местото на настанот.

Н.А. била пренесена во Клиничка болница Штип каде и била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *