Почетна / Бизнис / Со “затни дупки“ нема економски прогрес, тврди Д-р Дарко Лазаров

Со “затни дупки“ нема економски прогрес, тврди Д-р Дарко Лазаров

Стопанската комора на Македонија, заедно со професорот Дарко Лазaров од Економскиот факултет во Штип, изработи анализа на изворите на растот на економијата, при што било утврдено дека дури 87 отсто од стапката на раст на македонската економија од 2001 до 2017 година се базирани на квантитативниот пораст на факторите на производството, односно на трудот и капиталот, од кои 45 отсто од растот се резултат на зголемување на стапката на вработеност, додека, пак, 42 отсто од растот се резултат на зголемување на капиталните фондови или инвестиции во основни средства.

Од друга страна, како што се наведува во истражувањето, само 13 проценти од растот се резултат на вкупната факторска продуктивност како индикатор што ги мери квалитативните промени на факторите на производство, односно продуктивноста на трудот – човечкиот капитал и продуктивноста на капиталот – технолошкиот прогрес.

– Причините зошто зголемувањето на капиталните фондови и новите вработувања не придонесуваат за зголемување на продуктивноста на капиталот и на трудот треба да се бараат во неповолната структура на инвестициите и ниското ниво на квалификации на нововработените. Од вкупните инвестиции во периодот од 2001 до 2017 година, само 25 отсто се инвестиции во машини и опрема, незначителни вложувања во истражување и развој, а дури 61,5 отсто во градежни работи, односно во станбена изградба и друго. Таквата структура на инвестиц ии не може да го поттикне технолошкиот прогрес како базичен извор за долгорочен економски раст – вели Д-р Дарко Лазаров..

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За повисоки плати, ја качија цената на струјата

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *