Почетна / Балкан / Србија во “корона пламен“.

Србија во “корона пламен“.

Скршени излози и клупи, откорнати сообраќајни знаци, 43 полицајци повредени и околу 20 цивили, приведени се 23 лица. ова е сликата по протестите кои се случија синоќа во Белград, откако српскиот претседател Вучиќ најави дека повторно ќе воведе полициски час во земјата.

Состојбата од утрово е мирна, но за попладне се најавени нови протести. За полицијата во Белград нема дилеми. Познати и се организаторите кои го иницирале влегувањето во Собранието на Србија. Според директорот на полициските сили Владимир Ребиќ еден од организаторите е Дамјан Кнежевиќ, кој со четворица други е упасен, додека поранешниот пратеник Срѓан Ного кој исто така го иницирал овој чин за влегување во Собранието заминал од местото на настанот пред да пристигнат полициските сили.

-Употребивме физичка сила дури кога беше употребена против нас, делувавме со екстремна воздржаност, користевме хемикалии само околу 23 часот, на крајот и коњаницата мораше да интервенира. Кнежевиќ и Ного се иницијаторите и организаторите за влегување во Собранието и нападот на полициските службеници. – изјави Владимир Ребиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска повторно се обрати до јавноста, што е негово второ обраќање во изминатите 24 часа.

И српската премиерка Ана Брнабиќ ги осуди вчерашните протести и инциденти пред Парламентот обвинувајќи ги политичарите кои според неа се обидувале да добијат политички поени при најголемата криза.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Црна Гора на море, само со “купачи“

Во пресрет на летната туристичка сезона, црногорската Влада објави листа со земји на чии граѓани ќе им …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *