Почетна / Црна хроника / Српски “пејачки“ пееле на албански

Српски “пејачки“ пееле на албански

Во контрола на полицијата синоќа по полноќ во кафеана во Гостивар, сопственост на Е.А. (53) откриени се три Србинки, за кои постои сомнеж дека го злоупотребиле туристичкиот престој и работеле како пејачки.

Од СВР Тетово информираат дека во угостителскиот објект на улицата „ЈНА“ биле затекнати четири лица од кои три српски и една државјанка на Република Македонија.

Трите странски државјанки на возраст од 24, 29 и 33 години се приведени во полициската станица во Гостивар и по извршениот разговор во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, тие се изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд Гостивар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *