Почетна / Спорт / Судиите не дозволија Емил Павлов да биде финалист

Судиите не дозволија Емил Павлов да биде финалист

Македонскиот карате репрезентативец Емил Павлов остана без европско финале, откако судиите направија голем привид во неговиот дуел со Русинот Евгениј Плахутин на ЕП во Гвадалахара.

Ударот со нога во главата на противникот, кој беше чист ипон и ќе значеше победа од 3:2 не беше досуден од арбитрите и Русинот беше тој кој се најде во финалето.

Павлов, пак, против Романецот Гогологаси ќе се бори за третото местo.

Судиите не му дозволија на Емил ПАВЛОВ да дојде до златотоТРИ ПОЕНИ МУ „СКИНАА“ СУДИИТЕ!Авторот на овој текст можеше да го виде спорниот момент од средбата на Емил ПАВЛОВ и каратистот од Русија за влез во финалето на ЕП. Се гледа многу добро целата акција на видео- чистиот удар со нога во главата на противникот. Според сите правила, Емил ПАВЛОВ за овој најубав момент од средбата требаше да добие три поени. Но, судиите само одмавнаа со главите. Имаше реакции од другите каратисти на Македонија за овој превид на судиите, но….„Точно е тоа дека ми беа одземени три поени.Бев оштетен. Но, така е во спортот. Има и неправди…“- изјави скромното момче од Штип, Емил ПАВЛОВ.Инаку, најдобриоот македонски каратист истакнува дека имал одличен настап на првенството.„Во првото и второто коло бев многу сигурен, ги победив противниците од Словачка и Србија со по 1-0. Доминирав во двете средби. Во третата средба, имав еден незгоден противник од Црна Гора, го победив и него со 4-2. Очекував победа и со Русинот. Но, понекогаш и добрата форма не помага. Сега за бронзата, , иако очекував злато, ќе се борам со Романец. Ќе дадам се од себе да го победам и да го освојам третото место, што сепак ќе претставува голем успех…“- изјави големиот спортсмен, Емил Павлов.Средбата за третото место е во сабота во претпладневните часови..

Gepostet von Stipski asovi am Donnerstag, 28. März 2019

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за Никола Нацев

Кик боксерот на штипскиот клуб “Гладијатор“, Никола Нацев, и од штотуку завршеното балканско првенство се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *