Почетна / Свет / Суд ја казни државата Франција, не презела мерки за подобар воздух

Суд ја казни државата Франција, не презела мерки за подобар воздух

Највисокото правно тело во Франција ја казни денес државата со 10 милиони евра бидејќи не успеала да го подобри квалитетот на воздухпт во поедини области во земјата.

Казната доѓа после 4 години откако државниот совет, кој служи како правен советник на извршниот и врховен суд, и наредил на владата да го намали нивото на азотниот оксид и штетните честички во повеќе од 10 зони, како би биле во склад со европските стандарди, пренесува Ројтерс.

Во својата одлука, судот навел дека владата на претседателот Емануел Макрон направила многу малку да го подобри квалитетот на воздухот во поедини зони, дека нивото на штетните гасови во 2020 година бил премногу голем во Париз и вториот најголем град, Лион.

ерките кои ги преземала владата биле недоволни и одлуката на судот од 2017 година се смета за целосно извршна – навел државниот совет.

Владата се бранела дека вовела нови мерки од минатиот јуни со цел да се исчисти гратскиот воздух, вклучувајќи и воведување зона со мала емисија на штетни гасови, дека потикнувала купување на електрични и хибридни автомобили и постепено укинување на нафтените котли.

Меѓутоа судот се заканил дека ќе ја казнува државата со дополнителни 10 милиони евра на секој шест месеци се додека не ги исполани стандардите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *