Почетна / Црна хроника / Тепачки плус

Тепачки плус

Во Полициската станица Крива Паланка, Н.С.(24) од село Мала Црцорија и С.С.(21) од Крива Паланка денеска пријавиле дека истиот ден околу 02.50 часот во дискотека на улица „Св. Јоаким Осоговски“ физички биле нападнати од повеќе лица со кои се познавале.

Физички напад имало и во Градско каде што С.М.(28) од село Уланци, општина Градско, пријавил дека во казино на улица „Александар Македонски“ во Градско бил физички нападнат од Д.И.(25) од Градско.

Во Прилеп, пак, 20-годишниот В.Т. од Прилеп пријавил дека додека бил на работа како келнер во пицерија во Прилеп, физички бил нападнат од неговиот колега В.Н. и лицето А.Н..

Во Прилеп е пријавен уште еден физички напад при што М.Т.(21) од Прилеп околу полноќ во кафе бар на улица „Марксова“ физички бил нападнат од две лица.

Ноќеска Б.М.(26) од Неготино пријавил дека околу 00.30 часот во кафе бар во Неготино физички бил нападнат од две лица.

Во Скопје синоќа било пријавено дека на улица „11Октомври“, во приватен автобус бр.22 А.М.(18) од село Волково, скопско, физички бил нападнат од повеќе лица, а утринава во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ две лица физички го нападнале и му одзеле пари на С.К.(18) од Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *