Почетна / Избор на Уредникот / Точно ме нападнаа – неодоговорни медиуми.

Точно ме нападнаа – неодоговорни медиуми.

Генералот Стојанче Ангелов попладнево на својот Фејсбук профил демантираше дека е избркан од кафуле во Тетово, како што денеска објавија медиумите на албански јазик.

Ангелов огорчен на својот ФБ профил вели дека единствено што него го нападнале се неодговорни медиуми.

“Веста дека вчера во Тетово сум бил избркан од кафетерија од страна на наводен братучед на Хазби Лика е злонамерна невистина раширена од, во овој момент, за мене непознато лице. По утврдување на реалниот идентитет, против лицето кое ја објави оваа вест, ќе покренам приватна тужба за клевета и навреда.

Дотука не е ништо страшно. И порано сум бил мета на најразлични пропагандни и интернет напади од различни извори. Дури и самиот лажен настан не ме загрижува бидејки не претставува ништо посебно. Во Тетово постојат стотици кафичи и кафеани и доколку се случи некаде да сум непожелен гостин едноставно ќе станам и ќе го променам локалот. Сигурно дека нема да ги употребам моите боречки вештини заради останување во локал во кој сум непожелен. Јас сум најпрво јавна личност, потоа неформален лидер на македонските бранители од 2001-та, потоа претседател на политичката партија Достоинство и на крај владин функционер на позиција Национален координатор за воени и полициски ветерани, позиција на која, меѓу другото, сум избран и со гласови од ДУИ.
Повторувам, дотука не е толку страшно.

Страшен е нечесниот односот на, пред се, опозициските портали кои како лешинари се нафрлија врз мене без притоа да ме контактираат и да ме прашаат дали, и што, навистина се случило.

Вистината е дека вчера, јас, заедно со генералниот секретар на Достоинство Драган Василевски и еден пензиониран тетовски полицаец Албанец, наш пријател, чиј идентитет го знаеја повеќето присутни Албанци, седнавме на кафе во една од многубројните тетовски кафетерии која се наоѓа во дел населен исклучиво со Албанци. Младиот келнер најпрво на албански а потоа на македонски, праша што ќе се напиеме после што ни ја донесе нарачката. Патем, еспресото навистина беше мало но одлично. Петнаесетина минути подоцна, откако кафето веќе беше при крај, келнерот повторно дојде до нашата маса и не извести дека поради смртен случај во семејството на сопствениците на локалот кафетеријата ќе биде затворена. Набрзина го допив кафето и станавме. Заедно со нас станаа и останатите гости кои беа во локалот. Ја користам оваа прилика да изразам сочувство до семејството на починатото лице кое било близок роднина на Хазби Лика.

Во периодот додека бевме во локалот ниту еден од присутните гости не се приближи до масата на која седевме, ниту било кој ни дофрли било што.

Изнесувањето на лажни вести во нашите медиуми, без притоа да биде прашана втората страна, е нешто сосем вообичаено кај нас. Затоа, одамна сум отрпнат на ваквиот нечесен медиумски однос.

Но она што особено загрижува во пренесувањето на оваа лажна вест е перфидниот медиумски напад кон мене како носител на процесот на помирување помеѓу бранителите и поранешните припадници на УЧК. Пропагандниот напад е така изведен што кај недоволно информираната и недоволно критички настроена публика од наша, македонска страна, предизвикува целосна недоверба и отпор кон помирувањето со Албанците, а овој настан е уште еден “доказ” дека соживотот со нив е невозможен бидејки тие, Албанците, не’ не поднесуваат нас Македонците. Значи, од нечесната постапка на само еден Албанец, се прави генерализација дека е невозможен соживот со сите Албанци, нешто што е апсолутно неточно. Лоши, пакосни и лажливи лица имало, има и ќе има и помеѓу Македонците, и помеѓу Албанците, и помеѓу сите други. Важно е ние, добрите од двете страни, кои сме свесни дека заедничкиот живот не само што е нужен и можен туку може да биде и сосем нормален, да не дозволиме на провокатори но и на злонамерни медиуми кои од дневно политички причини ги злоупотребуваат ваквите лица, да не вратат назад во времето на оружје, насилство и крв“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *