Почетна / Свет / Тројца мртви по пукањето во Утрехт-Холандија

Тројца мртви по пукањето во Утрехт-Холандија

Вооружена полиција изврши претрес на повеќе згради во холандскиот град Утрехт по пукањето во трамвајотпри што најмалку три лица се убиени, а девет повредени, некои од нив сериозно.

„Не може да се исклучи терористичкиот мотив во инцидентот“, што се случи околу 10.45 часот изутринава на централна трамвајска станица, за новинарите изјави портпаролот на полицијата Бернхард Јенс од местото на настанот.Градоначалн

икот на Утрехт Јан ван Заен преку видео соопштение изјави дека најмалку три лица се убиени во нападот, а уште деветмина се повредени. Холандските медиуми објавија снимки од тело на земја покриено со бел чаршав, а новинарите рекоа дека најмалку 20 лица се примени во болница за лекување, пренесе Гардијан.

Полицијата во Утрехт објави фотографија од осомничениот од надзорна камера, кого го именуваа како Ѓукмен Танис, на возраст од 37 години, роден во Турција, и ги предупредија луѓето самите да не му приоѓаат, туку да ги алармираат властите ако го видат. Тие, исто така, апелираа за фотографии на сведоци.

Холандскиот премиер Марк Руте рече дека сите напори се насочени да се фати „осомничениот или осомничените“, но не ги повтори сугестиите за терористички мотив.

„Нашата земја денес е шокирана со нападот во Утрехт“, рече тој. „Полицијата и обвинителите истражуваат што точно се случило“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *