Почетна / Избор на Уредникот / “Труба“ полицаец- “труба“ од држава

“Труба“ полицаец- “труба“ од држава

Не значи ако носиш униформа дека си полицаец, војска , цариник.Вистинската униформа значи претставник на институција ,а не бостанско плашило.Тој што ја носи униформата може да е актер кој си игра скриена камера. Униформата подразбира почит кон обичните.Викендов на границата која нема да биде граница, ако не се предомислат, Северна Македонија и Србија, прекутрупа автомобили за влез во Србија.Од пет пункта , работат само три.На враќање, односно на излез од Србија исто таква состојба место пет шест , работат, три, и на македонска граница на влез слична состојба.Народот ,на кого му озлојадила неорганизираноста на граничните премини , поради долгото  чекање над 1 час, свират со сирените на автомобилите…Полицаец во униформа кој глуми дека е Елиот Нес, не ги опоменува колегите му од границата да поитаат со работата, или да инсистира да се отворат повеќе пунктови , туку вика, црка ,им се заканува на луѓето со судија за прекршоци.“Што трубиш бре. Оќеш да идемо код прекршајног суца“.Заборавил овој истиот полицаец дека  викендов во Лесковац се одржуваше“роштилијада“, и на секој штанд труби. Трубат ли трубат, ама тој национален звук  не го слуша оваа труба од полицаец.А, ако е полицаец тогаш и државата му е труба.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *