Почетна / Бизнис / Трудовата инспекција задоцнето “тресеше“ фирми во Истокот

Трудовата инспекција задоцнето “тресеше“ фирми во Истокот

19 фирми од Источниот регион биле   “тресени“ од  Трудова инспекција  а по налог на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Инспекторите работеле во Кочани, Штип, Делчево и Пробиштип  за каде имало индиции за кршење на работничките права и тоа :Исплата на регрес за годишен одмор ; Исплата на прекувремена работа ; Евиденција на прекувремена работа ; Нерегулиран работен однос ; Безбедност и здравје при работа.

Иако инспекциските интервенции  во добар дел биле правилно насочени, сепак на нивна реакција , според Хелсиншки, се чекало многу долго.  За некои претставки одговор од инспекторите стигнало дури по 45 дена.

Поради ова, од Хелсиншки препорачуваат:

1. Државниот инспекторат за труд побрзо и поажурно да постапува по поднесените барања за вонреден инспекциски надзор со цел поефикасна заштита на работничките права;

2. Државниот инспекторат за труд да ја доставува целокупната документација од извршениот инспекциски надзор до подносителите на барањaта за вонреден инспекциски надзор;

3. Државниот инспекторат за труд да ја подобри отвореноста и пристапноста на работниците со воведување на функционални телефонски линии во сите подрачни единици и воведување можност за поднесување анонимни електронски барања за поведување вонреден инспекциски надзор;

4. Подобрување на соработката на Државниот инспекторат за труд со сите активни чинители во процесот на заштита и унапредување на работничките права како што се синдикатите, организацијата на работодавачите и граѓанските организации.

Колку инспекциите ке успеат да одогворат на  барањата на Хелсиншки е дискутабилно   зашто тие и онака се претрупани со работа. Поплаки  од работници има  секојдневно  и сите тие треба поединечно да се истражат и проверат па дури потоа да се процесуираат односно  документирано достават до Хелсиншки.

Од друга страна,  шанса за поефикасно работење на инспекторите  не  им даваат самите работници зашто претставки пишуваат за се и сешто односно и кога се , но и кога свесно знаат  дека  не се во право . Неофицијално, во последните две години нивните реакции   се зголемени за повеке од 300% .

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откупат 90милиони килограми грозје

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *