Почетна / Свет / Украински тенкови ќе влезеле во Москва.Русија слатко се изнасмеа

Украински тенкови ќе влезеле во Москва.Русија слатко се изнасмеа

Украинскиот министер за инфраструктура, Владимир Омелјан, коментирајќи ја иницијативата за единствен транспортен простор со Русија, денеска изјави дека ќе влезе во Москва со тенкови.

–Дефинитивно ќе ја посетам Москва, но со тенкови, заедно со сојузниците, рече тој.

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова кусо време потоа го коментираше ветувањето на украинскиот министер.

–Драг пријателе, таа Москва во која вие ќе влезете заедно со сојузниците на тенкови, се наоѓа во американската држава Ајдахо (градот Москоу). Така што напред и со песни!, напиша Захарова на Твитер.

Рускиот сенатор Алексеј Пушков исто така одговори на украинскиот министер, потсетувајќи го дека и Адолф Хитлер имал „сериозни намери да влезе в Москва”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *