Почетна / Избор на Уредникот / Училишното ѕвонче ќе остане “немо“

Училишното ѕвонче ќе остане “немо“

До првата половина од август сите планови ќе бидат презентирани, а училиштата ќе имаат време да се подготват за новата учебна година, најавуваат од МОН. Како ќе започне новата учебна година – прашуваат и професорите, и основците, и средношколците, кои последното тромесечие од претходната учебна година го поминаа во неунифицирана онлајн настава. И земјите од регионот ги мачи истиот проблем.Неколку недели пред почетокот на учебната 2020/2021 година, од македонското Министерство за образование и наука (МОН) доаѓаат смирувачки тонови – дека се прават сите подготовки за тој процес. Заменик-министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска, за ТВ „24″ изјави дека тоа ќе зависи од текот на пандемијата, а крајниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести. Звукот на училишното ѕвонче, кој беше константен симбол за почетокот на учебната година, за првпат е неизвесно за каква настава ќе заѕвони – за онлјан, офлајн или комбинирана.. Да потсетиме дека со сите здравствени протоколи во Штип може да се изведува настава во училиштата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *