Почетна / Бизнис / УЈП и предпополнети даночни пријави

УЈП и предпополнети даночни пријави

Управата за јавни приходи од почетокот на наредниот месец ќе почне да ги доставува на граѓаните предпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот на 2018 година. Пријавата граѓаните ќе ја добијат електронски и ќе треба да ја потврдат или коригираат.Ова е прва година во која граѓаните добиваат предпополнета годишна даночна пријава. До минатата година граѓаните за остварени приходи во претходната година ја доставуваа годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи, а со реформата што беше спроведена во текот на минатата година, граѓаните електронски ќе ја добиваат годишната даночна пријава.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Печалбарите не праќаа пари.

Ако печалбарите секоја година праќале по над една милијарда евра пари со кои ќе им …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *