Почетна / Спорт / Фудбал:Нови правила кои не важат за сите екипи.

Фудбал:Нови правила кои не важат за сите екипи.

УО на ФФМ одржа седница, на која се утврдени Пропозициите за новата сезона во Првата фудбалска лига. Овие пропозиции се донесени за да не се повтори случајот од минатата сезона, кога првенствата поради Ковид 19 беа прекинатиНо во  заклучоците  нема ни збор за Вторите лиги – како тие ќе се одвиваат , кој за нив ги обезбедува тестовите за Ковид 19? Нема ни збор и за куп натпреварите. За ФФМ , како вторите и третите лиги да не постојат!?Според овие пропозиции, ако се одиграат до 50 насто од натпреварите, тогаш првенството во Првата лига се поништува.Во случај да се одиграат од 50 до 75 насто од натпреварите, табелата се „замрзнува,“ нема да биде прогласен шампион, но нема да има ни испаѓање. од лигата. Само ќе биде земен предид пласманот на екипите кои треба да играат во европските купови. Доколку бидат одиграни над 75 насто од натпреварите, ќе се прогласи шампион и ќе има испаѓање од лигата, со промоција на нови прволигаши.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *