Почетна / Спорт / Фудбалот е мртов – Да живее фудбалот.

Фудбалот е мртов – Да живее фудбалот.

Прволигашките клубови се изјаснија Со исклучок на две екипи, сите го прифатиле предлогот да се игра плеј оф и плеј аут. Во плеј офот ќе учествуваат 6-те најдобри екипи во Првата лига, а 4 последни ќе играат во плеј аутот, но без последици. Ќе нема испаѓање од Првата лига. Најдобрите три екипи во плеј офот ќе обезбедат пласман во европските купови. Уште една македонска екипа ќе учествува во европските купови. Тоа ќе биде победникот во Купот. Договорено е наместо по две средби, во полуфиналето да се игра по една средба, што значи ќе има ново извлекување за домаќинот, или пак ќе се одреди неутрален терен. Во полуфиналето ќе игра и Брегалница. Ќе се сретне со Академија Пандев. И во финалето ќе има само една средба.
Веќе се зборува и за евентуално проширување на Првата лига во сезоната 2019-2020 година.За ова ќе се изјасни ФФМ, до 25 мај, кога треба до УЕФА да го достави својот план за новата сезона.Дали ќе се најде место и за Брегалница, времето ќе покаже…
Најавено е доигрувањето на првенството во Првата лига да почне на 14, или 17 јуни.

Штипски асови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕМИЛ ПАВЛОВ ВО ЛИСАБОН –УШТЕ ЕДЕН НАСТАП ВО ПРЕМИЕР КАРАТЕ ЛИГАТА

Утре, четврток, за Лисабон, Португалија, патува најдобриот спортист на ,Македонија, Емил Павлов и неколку македонски …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *