Почетна / Спорт / Фудбалски клубови, бараат од ФФМ да ги копира мерките од ракометната федерација.

Фудбалски клубови, бараат од ФФМ да ги копира мерките од ракометната федерација.

Фудбалски клубови од двете втори и од третите лиги на Македонија испратија заедничко барање до УО на Фудбалската Федерација на Македонија за проширување на елитното друштво од 10 на 16 екипи.

Како причини го наведоа долгиот прекин во натпреварувањето и непостоењето на услови за продолжение на пониските рангови на натпреварување во мак-фудбалот. Притоа, се бара да нема испаѓање од вторите лиги, а трите најдобри и од западната и од источната група да влезат во Првата лига, која наместо сегашните 10, во следната сезона би броела 16 клубови.

Воедно, се наведува дека на сличен чекор веќе се решила Ракометната Федерација на Македонија, барајќи сега истото да го стори и раководството на ФФМ.Иако е покрената оваа иницијатива, факт е дека истата не ја подржува ниту еден прволигаш, дури ги нема да се огласат со свое мислење и водечките второлигаши Пелистер, Скопје, Лабуништа од западот.Слична е приказната и за Истокот, ги нема со јасен став и Беласица и Брегалница.Велат чекаат на надлежните, а што ако надлежните не кажат ништо.Подобро е да се има некаков откколку никаков став.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *