Почетна / Спорт / Фудбал за душа

Фудбал за душа

Вечерва се играат два нови натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите, а најинтересниот се игра во Амстердам каде Ајакс ќе го пречека Реал Мадрид. Холандскиот тим игра извонредна сезона, во групната фаза беше одличен, меѓутоа малку попушти во последно време (не заборавајте го она фијаско против Феенорд и поразот од 2:6), додека нивниот ривал Реал имаше обратен пат, нив не им одеше во првиот дел од сезоната, но сега драстично се поправија. Посебно по оној триумф над Атлетико во првенството ја набилдаа самодовербата до врв.

Во Лондон се среќаваат Тотенхем и Дортмунд. Овие два тима лани играа во групната фаза на ЛШ и англискиот тим двапати ги победи „Милионерите”. Она што е важно, и Тотенхем и Дортмунд ќе играат без главните напаѓачки ѕвезди Хари Кејн и Марко Ројс кои се повредени. Кај германската екипа ќе го нема ни џокерот Пако Алкасер, па Марио Геце е единствениот здрав напаѓач.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕМИЛ ПАВЛОВ ВО ЛИСАБОН –УШТЕ ЕДЕН НАСТАП ВО ПРЕМИЕР КАРАТЕ ЛИГАТА

Утре, четврток, за Лисабон, Португалија, патува најдобриот спортист на ,Македонија, Емил Павлов и неколку македонски …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *