Почетна / Бизнис / Цените покачени, животот опаднат

Цените покачени, животот опаднат

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на цените на мало 100.0.

Пораст на индексот на трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 6.8 %, цигарите за 5.2 %, сувото овошје и јаткастите производи за 1.7 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 1.4 %, маслото и маснотиите за 1.0 %, јајцата за 0.9 %, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.7 %, млекото, јогуртот, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6 %, рибата и морските плодови за 0.5 %, трбушките за 0.4 % и месото за 0.2 %.

Во март 2019 година, исто така пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива и мазивата како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3.2 %, велосипедите за 2.9%, туристичките пакет-аранжмани за 2.2 %, течните горива за домаќинствата за 2.0 %, мебелот и покуќнината за 1.7 %, автомобилите за 1.5 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 1.0 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8 %, услугите за рекреација и спорт за 0.5 %, средствата за чистење и одржување на станот, другите медицински производи за 0.4 %, градините, растенијата и цвеќињата, накитот и часовниците за 0.3 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите пекарски производи за 0.6 %, житата за појадок за 0.3 %, другите преработки од месо, другите прехранбени производи и безалкохолните пијалаци за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 3.7 %, конфекцијата за домаќинствата за 1.1 %, обувките, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.0 %, ткаенините за 0.8 %, текстилот за домаќинство за 0.6 %, телефон и телефакс-опремата, информатичката опрема за 0.4 %, резервните делови и опремата за сопствен превоз, книгите за 0.3 %.

Индексот на трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со март 2018 година, бележи пораст од 1.4 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.4 %.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спреј против Ковид 19

Австриски научници од лабораторијата на Медицинскиот факултет во Инсбрук тврдат дека успешно го тестирале најновиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *