Почетна / Избор на Уредникот / Штипјанецот Дарко Стојановски доктор по археологија, во потрага по нов човечки вид
????????????????????????????????????

Штипјанецот Дарко Стојановски доктор по археологија, во потрага по нов човечки вид

За да прогласите нов човечки вид, потребно е време. Треба да се соберат доволно податоци за теориите да добијат статус на факти, вели Дарко Стојановски, невработен, доктор по праисториска археологија кој живее во Штип.

Тој учествуваше во ископувањата на филипинскиот остров Лузон каде што археолозите пронајдоа остатоци од нов човечки вид. Наречен по местото каде што се пронајдени остатоци, homo luzonensis е новиот прапредок на денешниот човек и науката го потврди тoa. Стојановски дипломирал археологија пред 12 години на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Бугарија. По дипломирањето, три години работел на повеќе локалитети низ Македонија, меѓу кои Стоби, Исар Марвинци, штипскиот Исар, Баргала… Во 2010 добил стипендија за магистерски студии во рамките на програмата Еразмус Мундус на Универзитетот во Ферара, Италија, каде што преклани докторирал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Етапна исплата на пензиите

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *