Почетна / Свет / Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува да опаѓа во рок од шест месеци, утврдиле британските научници, па најверојатно ќе биде потребна ревакцинација.

По пет до шест месеци, ефективноста на вакцината против коронавирусот на Фајзер во рок од еден месец по втората доза се намалил од 88 на 74 проценти, се вели во анализата на податоците собрани во британската студија ZOE COVID.

За вакцината АстраЗенека, ефективноста се намалила од 77 на 67 проценти по четири до пет месеци.

Истражувањето се базира на податоци добиени во повеќе од 1,2 милиони тестови.

Претходните анализи на податоците сугерирале дека вакцините обезбедуваат заштита најмалку шест месеци.

Во најлош случај, заштитата може да падне под 50 проценти за постарите луѓе и здравствените работници до зима, рече водечкиот научник во таа студија Тим Спектор.

“Ова покажува дека треба да се направи нешто. Не можеме само смирено да гледаме како заштитата полека опаѓа, додека бројот на новозаразени е се уште висок како и шансите за инфекција”, рече тој за Би -Би -Си.

Британија подготвува план за вакцинација подоцна оваа година, откако главните научни советници процениле дека од септември можеби ќе треба да ја даваат третата доза на старите лица и најранливите групи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полска гради ѕид кон Белорусија

Полска на границата со Белорусија ќе подигне ѕид висок 2,5 метри и ќе го зголеми …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *