Почетна / Свет / Штрајк во германските јавен превоз

Штрајк во германските јавен превоз

Најтешко беа погодени поголемите градови како Берлин, Хамбург, Минхен и Хановер, каде вработените во јавните сообраќајни претпријатија одговорија на повикот на синдикатот на работниците во јавниот сервис Верди и ја прекинаа работата 24 часа.

Транспортот делумно функционирал само таму каде што имало мрежа на урбани и приградски железници кои не работат во јавните урбани претпријатија, туку на Германската железница (Дојче Бан).

Во федералната држава Мекленбург-Западна Померанија денеска немало настава затоа што во оваа ретко населена федерална држава, учениците претежно користат јавен превоз за да одат во многу оддалечените училишта.

Минатата недела синдикатот на јавните службеници започна серија т.н. предупредувачки штрајкови со цел да се изврши притисок врз работодавците, во овој случај градовите и општините, да се согласат на барањата за зголемување на платите.

Работниците во болниците и градинките минатата недела веќе штрајкуваа.

Верди бара зголемување на платата од 4,8 проценти или најмалку 150 евра месечно за 2,3 милиони вработени во јавните служби.

Работодавачите ги отфрлиле барањата на синдикатот како „несоодветни“ поради лошата финансиска состојба во која се наоѓаат јавните финансии поради кризата со корона.

На крајот на октомври, ќе се одржи последната, трета рунда преговори меѓу синдикатите и работодавците во јавните служби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *