Почетна / Бизнис / Јавни претпријатија и Општини најголеми должници

Јавни претпријатија и Општини најголеми должници

Седум државни и општински фирми се меѓу 50-те најголеми должници на државата, која само од нив побарува вкупно 13,5 милиони евра. На листата на Управата за јавни приходи, заклучно со 31 јануари, Македонија пат е најголем должник меѓу државните и општински фирми, а должи 5,1 милиони евра.

Меѓу милионските должници се и комуналните претпријатија од Гостивар и Тетово, како и МРТ, чиј долг е главно по основ на данок на добивка. Следуваат ЈП за стопанисување со објекти за спорт, чиј долг изнесува 800.000 евра, а Општина Карпош должи 680.000 евра.

Меѓу поголемите должници е и МЖ Инфраструктура, чиј долг е по однов на ДДВ и изнесува околу 580.000 евра. Оттаму велат дека причина за долгот се ненаплатените фактурите што ги издале кон МЖ Транспорт во износ од 2,3 милиони евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За повисоки плати, ја качија цената на струјата

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *