Почетна / Спорт / Јунајтед имал подобар тим од Ливерпул

Јунајтед имал подобар тим од Ливерпул

Поранешниот легендарен фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер со последната изјава за „Скај Спортс“ со сигурност ќе ги налути фановите на својот некогашен клуб.

Карагер смета дека Манчестер Јунајтед има подобар тим од Ливерпул и посочи дека тоа сме можеле да го видиме во последните неколку натпревари.

-Веќе кажав дека Манчестер Јунајтед има подобар тим од Ливерпул. Можеби тоа на луѓето ќе му е чудно, но веќе ги гледаме знаците кои тоа може да го потврдат.

-Милнер изгледа како да не знае која му е позицијата. Кеита е многу платен, а редовно губи топки. Фирмино не личи на себе, а не видовме многу ни од Салах. Постои проблем, не во смисла на притисок туку поради повредите на различните позиции. Не ми се веруваше колку Ливерпул беше лош на последниот натпревар. Сепак, и понатаму е прв на табелата. Дури и да биде поминат од Манчестер Сити, ние ќе имаме шанса до самиот крај- заклучи Карагер.

Иако пред само две кола  Ливерпул имаше плус седум поени во однос на Сити, сега таа разлика изнесува само три бода. До крајот на првенството има уште 13 кола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *