Почетна / Занимливости / Џенифер Лопез е модна икона на годината

Џенифер Лопез е модна икона на годината

Актерката и пејачка Џенифер Лопез е прогласена за модна икона на годината од страна на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA). Официјално, титулата ќе ѝ биде доделена на свечена церемонија во музејот Бруклин во Њујорк.

Пред Џенифер, оваа титула ја имале Ријана, Бијонсе, Лејди Гага и Наоми Кембел. Претседателот на жирито, Стивен Колб вели дека никогаш не е лесно да се одлучи кому ќе припадне оваа титула, бидејќи има многу потенцијални кандидати.

Тоа што пресудило годинава Џенифер да ја добие титулата е нејзиното постојано присуство во светот на модата, но  и смелоста.

„Таа е секогаш забележана каде и да се појави и секогаш за неа се зборува. Тоа ја прави совршен избор“, вели Колб.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Карлеуша подобра “мачка“ од Џеј Ло

Јелена Карлеуша објави на својот профил на Инстаграм натпис од портал с наслов „Дали сме …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *