Почетна / Свет / 170 милиони деца се без вакцинација

170 милиони деца се без вакцинација

Речиси 170 милиони деца во светот ја немаат примено првата вакцина против сипаници, според податоци за периодот 2010-2017 година, соопшти УНИЦЕФ.

Од нив половина милион се во Велика Британија и 2,5 милиони во САД. Повеќе од 21 милион деца годишно не примаат таква вакцина, додава УНИЦЕФ.

Во првите три месеци од 2019 година во светот се регистрирани 110 илјади случаи на сипаници, што е за 300 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Во САД потврдени се случаи на речиси 700 лица заболени од сипаници, што е рекордно високо ниво.

Според податоци на УНИЦЕФ и на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на лица заразени од сипаници продолжува да расте и во неколку европски држави.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *