Почетна / Бизнис / 24.517 денари била просечната плата.Бре мајката!!!

24.517 денари била просечната плата.Бре мајката!!!

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година изнесува 24.517 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава во однос на јануари 2018 година, бележи зголемување од два отсто.

Растот се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита 9,6 отсто, рударство и вадење камен 8,3 отсто и образование 5,3 отсто.

Намалување на просечната месечна нето-плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација за 21,4 отсто, информации и комуникации 19,8 отсто и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 14,3 отсто.

Просечната месечна бруто-плата по вработен во јануари 2019 изнесува 36.386 денари и бележи зголемување од 3,3 отсто.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За повисоки плати, ја качија цената на струјата

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *