Почетна / Црна хроника / 245 странски државјанки уапсени од полицијата

245 странски државјанки уапсени од полицијата

Полицијата во текот на изминатата година привела 245 странски државјанки кои непријавено престојувале или работеле во полошко, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Според неговите податоци, овој број е двојно поголем во однос на приведените странски државјанки во текот на 2017 година, а двојно бил зголемен и бројот на акциските контроли при што во 2018 година имало околу седумдесеттина контроли во повеќе угостителски
објекти во тетовско – гостиварскиот регион. Повеќето од приведените странски државјанки, според полициските податоци, биле на возраст од 20 до 30 години, но имало и на возраст од околу 40 години. Од нив, 150 биле од Албанија, 64 од Србија, 20 од Косово, пет од Бугарија и по неколку од Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Најголем дел од нив биле ангажирани како пејачки, танчарки или келнерки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *