Почетна / Свет / 39 години неправедно минати во затвор

39 години неправедно минати во затвор

Властите на калифорнискиот град Сими Вели, 60-тина километри оддалечен од Лос Анџелес, објавија викендов дека планираат да се спогодат околу федералната тужба и на Коли да му исплатат 21 милион долари за безмалку четирите децении незаконско затворање за убиството на Ронда Вит и нејзиниот 4-годишен син Доналд од 1978 година, пренесува Си-ен-ен.

„Ги нема тие пари кои можат да му го надоместат она што му се случи на господинот Коли, но спогодбата во овој случај е правилното нешто за него и за нашата заедница“, се вели во соопштението на градскиот функционер Ерик Левит, кој додаде дека судењето би било скапо и неодговорно.

Често погрешно осудените мора да се пуштаат во долготрајни правни битки за да изборат надомест за времето минато во затвор бидејќи локалните власти ги обвинуваат своите претходници и се натегаат околу износот на отштетата. Во овој случај тоа нема да се случи. Во случајот на Коли сите нивоа на власта си ја одработија работата. Градската полиција повторно го отвори случајот и доби поддршка од јавниот обвинител на округот Вентура Грегори Тотен.

Тогашниот гувернер Џери Браун го помилува морнаричкиот ветеран во 2017 година, калифорнискиот одбор за надомест на штета минатата година му додели речиси два милиони долари отштета, односно по 140 долари за секој од 13.991 ден колку што Коли „минал незаконски зад решетките, одвоен од општеството, вработувањето и своите најдраги“. Неколку месеци подоцна Коли поднел федерална тужба за граѓански права, па сега градот му исплаќа дополнителни милиони. Градот ќе му плати 4,9 милиони долари, додека останатите доаѓаат од осигурување и други извори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *