Почетна / Свет / 4 – мина загинаа на претседателски митинг

4 – мина загинаа на претседателски митинг

Најмалку четири лица загинаа во вторникот во стампедо од луѓе по митингот одржан од претседателот на државата само неколку дена пред следните претседателски избори, изјави полицијата на Нигерија.

Хаосот настанал кога илјадници поддржувачи на претседателот Мухамаду Бухари се обиделе да го следат претседателскиот конвој, пренесува Си-ен-ен.

„Видов четири тела на земја, а меѓу луѓето владееше огромна збунетост додека брзаа и се туркаа за да излезат од стадионот“, изјави еден од присутните.

Според медицинските лица, бројката на смртни случаи е повисока, околу 15 лица.

Градската полиција објави дека четири лица се загинати, а други четири претрпеле потешки повреди.

Претстојните претседателски избори беа одбележани со насилство низ земјата. Три лица беа прободени, а неколкумина повредени во судирите што избувнаа во Лагос по еден митинг одржан во јануари, а неодамна беше подметнат пожар на две избирачки места во земјата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *