Почетна / Балкан / 60 години “Сплитски фестивал“

60 години “Сплитски фестивал“

Ниту бледа сенка не е сегашниов сплитски фестивал.Оваа некогаш најреномирана забавно музичка манифестација во екс Југославија го одбележа 60-тото свое издание.Честитки за јубилејот.Секако Фестивалите се паметат по песните.Затоа велиме дека сегашниот сплитски фестивал не е  ниту бледа сенка на некогашните изданија, кога секоја песна беше хит, и ја пееја ѕвезди на естрадата.сплитскиот фестивал е сведоштво за тоа дека и хрватската естрада, страда од анонимуси, и музичка неивентивност.Фестивалот траее два дена поради ковид, едната вечер ревија на некогашните хитови, но без вистинските хитови, едноставно некои објективно неможеа да настапат ( годините се во прашање), други поради каприц.Втората вечер натпреварувачки карактер, едно чудо никакви песни со исклучок на три до четири од 22 колку што беа изведени.Со право критички говореше еден од најпознатите хрватски изведувачи и автор Жак Хоудек.И, во таква конкуренција победија Нено Белан во дует со актерката Зорана Качиќ – Чатиповиќ со песната  “Чудесна работа“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *