Почетна / Свет / 700 лица на Нов Зеланд евакуирани, од пожари.

700 лица на Нов Зеланд евакуирани, од пожари.

На Нов Зеланд во тек е евакуација на 700 жители од градот Вејкфилд, на Јужниот Остров, поради шумски пожар кој ја погоди областа.

Органите на цивилната заштита отворија спортски стадион како прифатен центар за загрозените, наведувајќи дека можат да примат луѓе кои немаат пријатели и семејство во други места каде што би се засолниле.

Во пожарот, кој избувна во вторникот и се прошири на околу 2.000 хектари, изгоре една куќа. Властите се сомневаат дека го предизвикале искри од некоја земјоделска машина.

Во Вејкфилд, град со 3.000 жители, останале уште луѓе кои чекаат информација дали и тие ќе бидат евакуирани, а многу од нив и сами заминуваат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија и САД , бетер од студената војна.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска оцени дека односите меѓу Русија и Соединетите …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *