Почетна / Свет / Полска гради ѕид кон Белорусија

Полска гради ѕид кон Белорусија

Полска на границата со Белорусија ќе подигне ѕид висок 2,5 метри и ќе го зголеми бројот на војници кои и помагаат на полската Гранична служба да спречи влез на беглаци кои со зголемено темпо доаѓаат од Белорусија, напиша денеска на Твитер, полскиот министер за одбрана Маријуш Блашчак.

Од кабинетот на полскиот премиер потврдуваат дека Полска и балтичките земји ќе ги бранат своите граници кои истовремено се и надворешните граници на Европската унија.

Блашчак кон крајот на мината недела соопшти дека на Граничката служба на Полска во обезбедувањето на границите и помагаат и 900 војници, а долж границата веќе се подигнува ниска ограда од бодликава жица.

Минатата година на границата меѓу Полска и Белорусија биле задржани 122 лица за обиди за нелегално минување на границата, додека годинава биле задржани 780 странци за нелегално минување.

Портпаролот на Европската агенција за погранична и крајбрежна стража – Фронтекс, Пјотр Швиталски за полскиот весник Факт изјавил дека Полска од Фронтекст побарала помош за обезбедување на границата во опрема и во луѓе.

Балтичките земји и Полска го обвинуваат белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко дека предизвикува бегалска криза за да ги дестабилизира соседите кои се дел од ЕУ.

Бегалците од Авганистан и од Блискиот исток легално пристигнуваат во Минск со авион.

Лукашенко денеска ја обвини Полска дека со користење на сила и со закани со оружје ги протерува бегалците кои сакаат да продолжат понатаму кон Германија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *