Почетна / Свет / Tалибаните ги тепаат жените на улица

Tалибаните ги тепаат жените на улица

Талибанците тврдат дека се промениле и ветуваат дека жените ќе имаат права во Авганистан, но сепак постојат сѐ повеќе докази за нивниот суров однос кон жените, пренесува Гардијан.

 

Кога дојдоа талибанците да ја преземат власта, бројни граѓани итно побрзаа да ја напуштат земјата, а стравични сцени на луѓе кои паѓаат од пренатрупани авиони го обиколија светот.За талибанците се зборува дека се сурови кон жените, што беше потврдено со сведочењето на една жена која раскажа дека жените биле „третирани полошо од животните“.

На социјалните мрежи се појави видео снимка од талибанците во Кабул кои безмилосно ги удираат жените додека шетаат по улица.

Во Кабул, жените протестираат со денови, барајќи ги нивните права за работа, образование, слободно шетање по улиците без машки придружник итн.

Меѓутоа, во обид да ги задушат протестите, талибанците не се двоумат да употребат сила во форма на солзавец, пукање во воздух, но и удари.

https://twitter.com/i/status/1435183233042354182 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полска гради ѕид кон Белорусија

Полска на границата со Белорусија ќе подигне ѕид висок 2,5 метри и ќе го зголеми …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *